
На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата”, во рамките на првата политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки.
Таа посочи дека тоа што функцијата го носи кога се управува со одредена институција е преземањето одговорност и самата одговорност, по себе, носи голем товар, каде без поддршка на најблиски нема да може да се износи.
Богева Мицовска потенцираше дека политичкото вклучување дава друга димензија, каде што идејата може да прерасне во иницијатива од која потоа може да има конкретен резултат.
„Кога политички ќе се вклучиме, веќе даваме друга димензија, веќе нашата идеја, нашата заложба може да прерасне во иницијатива, а иницијативата да има и резултат. Поттикната од тоа сакам да ги поканам и да ги повикам сите присутни, но и што не поддржуваат да бидат проактивни во начинот на којшто сакаат да ги прикажат своите визии, своите идеи имајќи предвид дека ние сме Унија во којашто може да се вклучите и да партиципирате за да ги носиме одлуките заеднички. Бидејќи, токму и демократијата подразбира носење на одлуки, не во затворен круг, туку напротив со една повеќе”, истакна Богева Мицовска.
За мене, додаде Богева Мицовска, политичкото присуство не значи само присуство на состаноци или да ја имаме функцијата како таква, туку тоа значи да преземеме одговорност и да не бидеме неми набљудувачи на проблемите и предизвиците.

„Да бидеме проактивни чинители, да даваме решенија и да ги решаваме проблемите. Токму тука ја гледам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила која остава и отвора простор за луѓе што имаат знаење, искуство и желба да работат за Македонија. Простор во кој професионалното искуство може да се претвори во политичка иницијатива, а политичката иницијатива во конкретен резултат. Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме преку директно политичко учество”, посочи, меѓу другото, Богева Мицовска.
Аналитика








