ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка издава нови акции во вредност од 1.228.001.736 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со дваесет и првата емисија на акции по пат на приватна понуда, ,‚Шпаркасе Банка‘‘ АД Скопје ќе издаде 417.972 обични акции со номинална вредност 2.670 денари и продажна вредност од  2.938 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.228.001.736 денари.

    Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор  ,‚Штајермеркише банк унд Шпаркасен АД‘‘ со седиште во Грац , Австрија.

    ,‚Шпаркасе Банка‘‘ АД Скопје издава нови акции заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви  на капиталот пропишани со Законот за банки и со подзаконската регулатива.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично