ПОВЕЌЕ

    „Уште ги отплаќаме комбинезоните од короната“ – Здравковски: И покрај старите долгови, инвестираме во стопанството

    Време зa читање: 2 минути

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет изјави дека актуелната Влада обезбедува средства за инвестиции и за сервисирање на обврските наследени од периодот на корона-кризата, додека, како што рече, опозицијата неосновано предупредува на економска нестабилност.

    Во своето обраќање, Здравковски направи споредба меѓу економските показатели од претходниот период и актуелните податоци.

    Кога ќе ги споредиме бројките и фактите гледаме дека се соочуваме со нешто друго. Во периодот кога СДС беше на власт имавме задолжување од над 4,5 милијарди, а бруто-домашниот производ не растеше повеќе од 1%. Денес можеби динамиката на задолжување е слична или поголема, но средствата се користат за инвестиции, а истовремено се враќаат долговите што останаа од периодот на корона-кризата. Дополнително, мораме да го развиваме стопанството“, рече Здравковски.

    Тој посочи дека, според него, актуелните економски показатели покажуваат поинаква насока на движење на економијата.

    Имаме раст на бруто-домашниот производ од околу 3,5%, наспроти околу 1% во претходниот период. Имаме седум квартали по ред со раст над 3%, буџетски дефицит од околу 4% и инфлација од околу 4,5%. Во 2022 година инфлацијата беше 14%, а кај храната достигна 22%, додека во 2023 година изнесуваше 9,5%“, изјави Здравковски.

    Во однос на буџетските приходи, тој наведе дека во јуни годинава се собрани 13,26 милијарди денари даночни приходи, што, според неговите податоци, е за 3,89 милијарди денари или 41,6% повеќе во однос на истиот период претходната година.

    Здравковски додаде дека во периодот јануари–јуни годинава се собрани 74,61 милијарда денари даночни приходи, што е за 9,68 милијарди денари, односно 14,9% повеќе во споредба со истиот период лани. Според него, социјалните придонеси во истиот период бележат раст од 7,6%.

    Овие бројки се показател за потрошувачката и приходите на граѓаните. Се надевам дека тие ќе бидат уште повисоки во иднина“, заклучи Здравковски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично