ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“

    Време зa читање: 2 минути

    Со цел да се доближи повеќе до своите клиенти и да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, НЛБ Банка,  во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започна промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг.

    Согласно својата стратегија за општествено одговорно делување, а во насока на промоција на одржливоста и еколошкиот пристап во работењето и заштита на животната средина, во кампањата која Банката ќе ја реализира во текот на декември се става посебен акцент на дигитално дадена изјава за согласност, без користење на хартиени формулари, како и на информирање од страна на Банката за сите новини и поволности преку дигиталните канали.

    За таа цел, за секоја дадена изјава преку онлајн формата на веб-страницата на Бaнката www.nlb.mk вo текот на месец декември 2021 година, Банката ќе обезбеди по една садница за обнова на шумскиот фонд во малешевскиот регион кој летово беше зафатен со големите шумски пожари.

    Покрај дигиталниот начин, на што секако се дава предност,  клиентите можат да ја дадат својата изјава за согласност и на телефонскиот број 02/15 600 или во најблиската експозитура.

    За потсетување, НЛБ Банка поттикната од серијата пожари кои летово предизвикаа огромна  штета на шумскиот фонд во земјата, во септември годинава донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово, која беше посочена како неопходна за превенција и справување со пожари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично