ПОВЕЌЕ

    Коалицијата „Твоја Македонија“ доби уште еден претставник, мнозинството сега брои 59 пратеници

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира, а пратеничката група сега брои 59 пратеници.

    ВМРО-ДПМНЕ потпиша Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија, со што покажа дека има голем демократски капацитет и широк коалициски потенцијал, велат од партијата.

    „Со овој договор се испраќа јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели.

    Партнерството е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани, додека пак, турската заедница останува нераскинлив дел од нашето општество, народ кој со својата работа, традиција и лојалност со децении придонесува за развојот на Македонија.

    Соработката со Демократската партија на Турците во Македонија е доказ дека вистинските политики не ги разделуваат, туку ги поврзуваат луѓето и дека кога постои искрена намера да се работи за граѓаните, различностите стануваат наша предност.

    Како државничка партија, ВМРО-ДПМНЕ го постигна овој договор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските преземени пред граѓаните на избори.

    Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е силна, стабилна и моќна политичка структура, која ја препознаваат сè повеќе граѓани и политички субјекти.

    Колку е поголема довербата, толку е поголема обврската и должноста кон граѓаните да се испорачаат резултати и во таа насока ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на зголемување и оправдување на дадената доверба, со креирање услови за подобар живот“, наведено е во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично