
Денес, 1 мај, е „Mastercard Ден“ – можност за корисниците на Mastercard картички да добијат 10% поврат на средства за плаќања во угостителски објекти.
Оваа поволност важи секој први во месецот, а се однесува на трансакции направени со регистрирана Mastercard картичка во:
- ресторани
- кафулиња и барови
- пекарници
- продавници за млечни производи
- ресторани за брза храна
- продавници за кондиторски производи
- кетеринг услуги
Без разлика дали плаќањето е направено во земјава или во странство, корисниците можат да го искористат повратот доколку трансакцијата спаѓа во овие категории.
Повратот на средства се исплаќа во рок од една недела по плаќањето, со максимален износ до 1.500 денари месечно.
За да се искористи понудата, потребна е еднократна регистрација на Mastercard картичка издадена од банка во Македонија.
Кампањата „Mastercard Ден“ има за цел да ги поттикне безготовинските плаќања, нудејќи дополнителна вредност за секојдневните трошоци на корисниците.
Аналитика








