ПОВЕЌЕ

    Акциите на Комерцијална Банка, НЛБ Банка и Алкалоид свртеа над 4,4 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11 – 30.11.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.228.817.141 денари и е зголемен за 32,10 отсто во однос на претходниот месец.

    Класичното тргување изнесувало 445.081.429 денари и е намалено во однос на октомври за 22,12 отсто кога изнесувало 571.463.963 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 389.624.484 денари и обврзници во вредност од 55.456.945 денари.

    Блок трансакциите во ноември изнесувале 783.735.712 денари и се зголемени за 119,67 отсто во однос на октомври.

    Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.590 и е намален за 11,91 отсто во однос на октомври кога изнесувал 1.805.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

    Според количината на истргувани акции, лидер е Комерцијална Банка АД Скопје со 12.992 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 10.808,60 денари.

    Компаниите кои имаат најголем раст на акциите се БИМ Свети Николе, Макстил Скопје, Бетон Скопје, Македонски Телеком Скопје и Либерти Скопје.

    Македонија осигурување Скопје – Виена Иншуренс Груп, Макошпед Скопје, Макпетрол Скопје, Тетекс Тетово и УНИ Банка, ја предводат петорката на компании чии акции забележаа најголем пад во ноември месец.

    Месечниот статистички билтен за ноември 2021 година е достапен тука.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично