ПОВЕЌЕ

    „Женски Разговори“ во Cosmo – поттикнуваме, инспирираме и поврзуваме

    Време зa читање: 3 минути

    Cosmo со гордост ја претставува серијата настани „Женски Разговори“, наменети да ги поттикнат, инспирираат и поврзат жените од сите области на животот. Во месец март ставаме особен акцент на жените и на сите аспекти од  нивното функционирање и како сето тоа влијае врз општеството. Среќни и здрави жени значат и здрави семејства, а и заедници. Поддршката на жените во остварувњето на своите амбиции, капацитети и соништа треба да започне уште во рамки на семејството, а треба да продолжи  за време на образовниот процес, за потоа да се отслика и во работната средина. За ова подеднакво треба да бидат свесни и жените, но и мажите.

    Нашата замисла е да создадеме безбеден и поттикнувачки простор каде што можете слободно да ги искажете своите мисли, искуства и предизвици. Нашата цел е да изградиме заедница во која секоја жена се чувствува слушната, ценета и моќна.

    Во серијата настани организирани во Cosmo дрогериите во текот на месец март, ќе опфатиме неколку актуелни теми кои се неизоставен дел од функционирањето на современите жени.

    Секоја од овие теми ќе биде покриена со “fireside chat” со инспиративна жена која ќе сподели дел од своите искуства и совети.

     Распоред на теми:

    ​9 март: Предизвиците на модерното родителство

    Локација: Cosmo Zebra Центар

    Да разговараме отворено за убавините а и тешкотиите на родителството во 21 век. Да споделиме совети, стратегии и да си пружиме меѓусебна поддршка во балансирањето на улогите како родители, партнери и професионалци.

    15 март: Грижата за менталното здравје

    Локација: Cosmo East Gate Mall

    Да ја подигнеме свеста за темата за менталното здравје и да понудиме практични совети и ресурси за грижа за себе и за другите. Да создадеме атмосфера на разбирање, емпатија и охрабрување.

    22 март: Желбата за професионална реализација

    Локација: Cosmo Skopje City Mall

    ​Да ги инспирираме жените да ги следат своите професионални соништа, да ги надминат пречките и да постигнат успех во кариерата. Да разговараме за предизвиците со кои се соочуваат жените на работното место и како да ги надминат истите.

    29 март: Грижата за себе преку здрав животен стил

    Локација: Cosmo Diamond Mall

    Да ја истакнеме важноста на грижата за себе преку здрава исхрана, физичка активност и ментална благосостојба. Да понудиме практични совети и алатки за создавање на одржлив и здрав животен стил.

    Во Cosmo, веруваме во силата на женскиот глас и важноста на заедничкото искуство! Секој разговор е можност да научиме нешто ново, да се поврземе со други жени кои ги разбираат нашите предизвици и да добиеме поддршка во нашето лично и професионално патување.

    ​Со учество во „Женски Разговори“, вие не само што добивате корисни совети и информации, туку и станувате дел од заедница која ве охрабрува да бидете најдобрата верзија од себе! Следете нé на нашите социјални мрежи и дигитални канали за најава на планираните гостинки говорнички.

    Овој март, заедно да ги надминеме сите препреки и да блеснеме со полн сјај!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично