ПОВЕЌЕ

    Затворен е најголемиот нелегален пазар – платформата “Darknet”

    Време зa читање: 2 минути

    Властите велат дека платформата “Darknet” имала половина милион корисници, каде се тргувало со дрога, фалсификувани пари, украдени податоци за кредитни картички, анонимни СИМ картички и малициозен софтвер. Осомничениот оператор е уапсен во Германија.

    Германските обвинители во градовите Кобленц и Олденбург во вторникот соопштија дека го затвориле „веројатно најголемиот илегален пазар. Тие го уапсија човекот за кој се веруваше дека управувал со платформата на овој црн пазар, во близина на границата на Германија со Данска. 

    Приведениот човек, за кој се верува дека е оператор на “Darknet”, е 34-годишен државјанин на Австралија.

    Властите велат дека на оваа страница се тргувало со лекови, фалсификувани пари, украдени податоци за кредитни картички, анонимни СИМ-картички и малициозен софтвер, каде имало половина милион корисници и се реализирала деловна активност во криптовалути, вредна 140 милиони евра (170 милиони долари). 

    Полицијата во Олденбург соопшти дека рацијата се случила за време на викендот. „Истражителите успеаја да го затворат пазарот и да го исклучат серверот во текот на вчерашниот ден“, рекоа обвинителите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично