ПОВЕЌЕ

    ЗАТВОР ЗА КРИПТО-КРАЛОТ: По една година во бекство, Кореанецот До Квон осуден на затворска казна во Црна Гора

    Време зa читање: 3 минути

    До Квон, газдата на компанијата за криптовалути Terraform, кој стои зад колапсот тежок 40 милијарди долари  на токените terraUSD и Luna, е осуден на четири месеци затвор во Црна Гора. Квон беше прогласен за виновен за фалсификување официјални документи.

    Тој беше уапсен во март кога се обидуваше да се качи на лет за Дубаи на аеродромот во Подгорица, во главниот град на земјата. Квон, исто така, се соочува со обвиненија во САД и Јужна Кореја поради колапсот на двата дигитални токени минатата година.

    Поранешниот финансиски службеник на компанијата на г-дин Квон, Terraform Labs, Хан Чанг-џун, исто така беше осуден на четири месеци затвор откако беше прогласен за виновен за истите обвиненија.

    Квон и Хан се изјаснија за невини на нивното прво судско рочиште во мај.

    Казните ќе го вклучуваат времето кое Квон и Хан веќе го поминаа во притвор откако беа уапсени во март, се вели во соопштението на судот. Тие ќе можат да се жалат и на пресудата во рок од осум дена од добивањето на писменото известување од судот.

    Во февруари, американските регулатори го обвинија г-дин Квон и неговата компанија Terraform Labs за „оркестрирање на измама со хартии од вредност од крипто средства од повеќе милијарди долари“.

    „Ние тврдиме дека Terraform и До Квон не успеале да ѝ дадат на јавноста целосно, правично и вистинито обелоденување како што се бара за голем број хартии од вредност на крипто средства, особено за Luna и TerraUSD“, се вели во соопштението на претседателот на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), Гери Генслер.

    Од крипто-компанијата, наводно, постојано тврделе дека токените ќе се зголемат во вредноста и ги заведувале инвеститорите за стабилноста на TerraUSD. Сепак, вредноста на токенот и нејзината поврзана криптовалута Луна падна на нула минатиот мај. Тоа предизвика распродажба на главните криптовалути како што се Биткоин, Етереум и Тетер. Како резултат на тоа, терминот cryptocrash стана тренд на интернет.

    „Срцето ми е скршено поради болката што мојот изум им ја донесе на сите вас“, рече г-дин Квон тогаш. Кусо потоа, Квон исчезна од Јужна Кореа. Беше уапсен од црногорските власти во март годинава.

    На глобално ниво, инвеститорите во TerraUSD и Luna изгубија околу 42 милијарди долари, според компанијата за анализа на блокчејн Елиптик.

    Минатата година, јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на г-дин Квон и пет други лица поврзани со случајот. Обвинителите рекоа дека веруваат дека Terraform Labs, која е регистрирана во Сингапур, ги прекршила правилата на пазарот на капитал.

    Црна Гора нема договори за екстрадиција со САД или Јужна Кореја.

    Колапсот на terraUSD stablecoin и поврзаниот Luna токен ги потресоа пазарите на криптовалути во мај 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично