ПОВЕЌЕ

    За непочитување на Законот за нефер практики драконските казни ќе стигнат и по 12 месеци – Кочоска-Димитриеска со предупредување до трговците

    Време зa читање: 2 минути

    Трговците што го прекршуваат законот за нефер практики Деаконски казни Законот за нефер трговски практики мора да се почитува, драконски казни

    Сите компании треба да ги почитуваат законите, а трговците особено Законот за нефер трговски практики. А без оглед на тоа кога ќе бидат направени контроли, утврдените неправилности ќе бидат санкционирани, а казните ќе бидат драконски, вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, која упати апел да не користи моменто на недоволна екипираност на институциите.

    „Апелирам до сите компании во државата, не само до трговците, да ги почитуваат законите. Во периодов, од одредени државни институции заради лимитираност на капацитетите не можеле да излезат и да ги исконтролираат состојбите. Но, кога се во прашање парите и финансиските трансакции, сѐ останува вечно. Може да направиме контроли и по една година и да се вратиме наназад и да ги казниме. Ќе следат драконски казни. Затоа апелирам да не се злоупотребува моментот ако некоја надлежна институција не извршила контрола“, нагласи министерката, посочувајќи дека се одобрени седум нови вработувања во Комисијата за заштита на конкуренцијата.

    М.А

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично