ПОВЕЌЕ

    ЗА 6 МЕСЕЦИ 4.874 ФИРМИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТА, сепак тоа е подобро од лани

    Време зa читање: 3 минути

    СЕРИЈАЛ АНАЛИЗА 1/4

    „Пари“ анализира како економскиот амбиент во првото полугодие од годинава се рефлектирал врз ликвидноста на компаниите

    Во првите 6 месеци од годинава не успеале да преживеаат 4.874 фирими. Ако се спореди со лани, податоците покажуваат дека оваа година е поповолна. Минатата година во првото полугодие од годинава, според податоците од платформата БизнисМрежа.мк, клуч на врата ставиле 5.022 компании.

    Оваа година има пополовен економски амбиент во однос на минатата година, па и податоците за згаснатите фирми се подобри, како што можеше и да се очекува. Засега, Државниот завод за статистика ги има објавено само податоците за првиот квартал од оваа година за растот на бруто домашниот производ, а тој покажува економски раст од 2,4 проценти во однос на првиот квартал од 2021 година. Последниот податок за индустриското производство, а кој се однесува на мај, покажува дека во тој месец годинава, индустриското производство е зголемно за 8,5 проценти во однос на ланскиот мај, додека во периодот јануари-мај 2022 година во однос јануари-мај 2021 година, растот на индустриското производство е 2,9 проценти.

    ФЕВРУАРСКИ „МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА“

    Економските текови се одрзуваат на ликвидноста на компаниите, а оние кои ја губат, едноствно банкротираат. Во февруари се гледаат многу текови од преходниот период. Тогаш се случува и бришењето од страна на Централниот регистар кога тој по сила на закон ги „гасне“ компаниите кои не се активни. Станува збор за регулатива од член 552 од Закон за трговски друштва, според која се бришат фирмите кои не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, или не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не уплатиле основачки влог во пропишаниот рок.

    Месец 01.01.2022 - 30.06.2022 (по месеци на згаснување)01.01.2021 - 30.06.2021 (по месеци на згаснување)
    Јануари254 216
    Февруари 33213403
    Март345 378
    Април328 493
    Мај 321 271
    Јуни 305 261
    ВКУПНО 4874 5022

    Извор: БизнисМрежа.мк

    Она што пореално го покажува трендот за опстојување на фирмите годинава, се податоците за вториот квартал.  Според нив, во месеците април, мај и јуни оваа година, згаснати се 954 компании, додека лани, истиот период, биле згаснати 1.025 компании.

    Сепак, стопанствениците алармираат дека ликвидноста на компаниите е влошена и не се оптимисти.

    – Компаниите се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, за што сме информирале многупати досега. Тоа значи дека единствена е нивната оценка дека енергетската криза и пропратните кризи ја исцрпија нивната кондиција и од овој момент тие навистина се наоѓаат во една алармантна ситуација како ќе се соочат со состојбите коишто ќе бидат предизвикани во текот на зимските месеци – изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија на прес-конференцијата по повод 100 годишнината од коморското работење.

    ПРОДОЛЖУВА..

    Вториот дел од анализата ќе биде објавен на 20.07.2022

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично