ПОВЕЌЕ

    ВНИМАВАЈТЕ! Лажна FACEBOOK страница се претставува како Комерцијална Банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ве известуваме дека името на забележаната лажна Facebook страница е на латинично писмо и комуницира на српски јазик. Комерцијална банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа Facebook страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува или на кои повикува, апелираат од Банката.

    Од Банката Ве советуваат, во интерес на ваша поголема одговорност и заштита на вашите лични финансии, да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци додека сте на Интернет. Доколку, сепак сте презеле дејствија поврзани со таа страница, ви предлагаме случајот да го пријавите во полиција.

    Лажната страница и содржината што ја споделува веќе се пријавени на Facebook како измама, а Банката ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи по целосна анализа на случајот.

    Единствената официјална страница на Комерцијална банка АД Скопје на Facebook е оваа на која го читате ова известување и која е верифицирана со син беџ за автентичност покрај името.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично