Која е причината поради која биткоинот постојано расте во вредност? Една од причините може да биде неодамнешната надградба на системот која ги направи трансакциите побрзи. Друга причина може да биде едноставно што повеќе луѓе знаат за тоа и му веруваат на биткоинот како општо прифатен начин на плаќање. Тука секако спаѓаат и инвеститорите кои се убедени дека неговата вредност ќе продолжи да расте.
Ајде да видиме како настана биткоинот. Тоа е во суштина виртуелна валута креирана од мистериозна индивидуа или група на луѓе кој анонимно се претставени како Сатоши Накамото. Секако, тоа не е вистинското име. Накамото ја воведе својата идеја за воведување на криптовалута во истражувачки труд во 2008 година, а истата беше имплементирана во 2009 година како open-source код. Неговата причина за создавање на биткоин се сведе на недостатоците што ги забележа во банкарскиот систем, недостатокот на приватност и безбедност, предаторските практики за позајмување на банките и големите трошоци со трансфер на пари. Биткоин всушност не е монета, туку линија на уникатен код. И како сметката на доларот денес, биткоинот има вредност затоа што луѓето му даваат вредност. Исто и со златото. Постои фиксна количина која има вредност. Вредноста ја одредуваат луѓето базирана на тоа колку злато има во светот.
Биткоинот работи на блокчејн технологија, која што ја следи секоја трансакција направена во мрежата на биткоин, што го прави безбеден затоа што сè е јавно и сè се следи. Тоа е прва отворена финансиска мрежа во светот. Бидејќи луѓето стануваат се повнимателни од контролата на владата врз индивидуалните средства, биткоинот станува сè попрактичен. Вашиот биткоин е зачуван во дигитален паричник и овој паричник се смета за ваш единствен клуч кој претставува долга низа на броеви.
Ако сакате купите биткоин тоа можете да го сторите на 3 различни начина:
- Да инвестирате во фарма која ќе “рудари” биткоини. Тоа се моќни компјутери кои трошат многу енергија за да можат постојанот да “копаат” нови биткоини. Овој метод за повеќето луѓе бара голема инвестиција и не е многу практичен.
- Да купете биткоин од пазарот, од online платформи како etoro.com
- Да купите акции во фонд што инвестира во биткоин.
Како дневна валута биткоинот сè уште е тешко да се користи. Иако има некои институции кои ја прифаќаат валутата, од хотелски ланци до одредени ресторани, сè уште е тешко да се искористи во реалниот свет. Но бидејќи повеќе компании и трговците на мало почнуваат да го признаваат растот на валутата, интересот за биткоинот расте.