ПОВЕЌЕ

    И покрај сè, глобалниот пазар на видео игри ќе генерира приход од 159,3 милијарди

    Време зa читање: 2 минути

    Вкупниот пазар на видео игри ќе генерира приход од 159,3 милијарди американски долари оваа година, што претставува раст од 9,3 проценти во однос на претходната година, се вели во извештајот на Newzoo.

    Newzoo исто така предвидува дека приходите во индустријата ќе надминат приход од 200 милијарди американски долари до 2023 година.

    За споредба, Дизни во претходниот квартал забележа загуба од 1,4 милијарди американски долари, а целата филмска индустрија изгуби близу 10 милијарди американски долари од почетокот на годината, како резултат на пандемичните мерки што ги зафатија другите сектори на забавната индустрија, покажаа неколку истражувања.

    Најголем раст на приходите ќе има во сегментот за мобилни игри, кој беше помогнат за време на пандемијата на коронавирус со затворање на многу интернет кафулиња и зголемената достапност на мобилните уреди. Според аналитичарот на Newzoo, Том Виџман, приходите од продажба на мобилни игри во 2020 година ќе достигнат 77,2 милијарди долари, или 13,3 проценти повеќе отколку во 2019 година.

    Исто така, се проценува дека од 2,7 милијарди корисници на игри, 2,6 милијарди ќе играат на мобилни уреди. Сепак, само 38 проценти ќе платат да играат на мобилен телефон, покажува истражувањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично