Најнова научна студија објавена неодамна во Scientific Repots откри дека сегашните бариери против поплави во Венеција можат да го заштитат градот само за ограничено време од идно зголемување на нивото на морето. По таа претстојна криза, на сцената влегуваат многу пореволуционерни опции – вклучително и преместување во внатрешноста, објави списанието earth.com.
Тоа откритие ја прави иднината на Венеција ранлива и треба да се разгледа што сè уште може да се задржи недопрено додека водата продолжува да се искачува.
Сместени на трите влеза на Венецијанската лагуна, подвижните бариери на градот сега се првата линија на одбрана. Тим предводен од професорот Пјеро Лионело од Универзитетот во Саленто се зафати да го анализира системот на бариери врз основа на сценарија за 200-годишно ниво на морето.
Истражувачите открија дека системот може да се прошири само до одреден степен пред Венеција да мора да премине на поинаква стратегија.
Со дополнителни мерки, бариерите може да останат ефикасни додека морето не се покачи за околу четири стапки или 1,2 метри, но не далеку над таа граница. Откако ќе се премине тој праг, секоја преостаната опција може да функционира само за нецелосно зачувување на Венеција.
ЗАГРОЗЕНО СВЕТСКО ПРИРОДНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Градот Венеција е дел од поширок простор на венецијанската лагуна, кој е светското наследство на УНЕСКО, каде што градот и лагуната се третираат како едно поврзано место.
Тоа единство е загрозено кога портите на бариерите за заштита од напливот на морските бранови остануваат затворени подолго, бидејќи помалата размена на морска вода го менува квалитетот на водата и ги оптоварува рибите, мочуриштата и пристаништата.
Но, поплавите исто така станаа посериозни, а неодамнешните истражувања поврзуваат неколку acqua alta – екстремните поплави со висока вода во Венеција – со променливите временски обрасци. Секое дополнително затворање ги штити каменот и тулата на краток рок, но исто така го уништува и амбиентот на лагуната.
Од сегашниот систем на отворени лагуни, студијата утврди четири идни рути. Венеција може да продолжи да се адаптира, да создаде прстен околу градот, да ја запечати лагуната или да се повлече.
Истражувачите користат пресвртни точки за адаптација, моменти кога одбраната повеќе не ја исполнува својата цел, за да означат кога Венеција мора да го промени курсот.
Еден ран праг се достигнува околу 1,6 стапки (50 цм) покачување, кога прстенести насипи или затворена лагуна може да станат неопходни. Овие точки на одлучување се важни бидејќи секое одложено движење остава помалку простор за поблаг премин подоцна.
Втората опција – прстенските насипи би го обвиткале историскиот центар и блиските острови во нови ѕидови, оставајќи го остатокот од лагуната отворен.
Пумпи и канализација би ја одржувале водата под нивото на улицата во рамките на прстените, бидејќи дождот и дренажата повеќе не би можеле да излегуваат природно.
Изградбата би можела да чини помеѓу околу 540 милиони и 4,9 милијарди долари, поевтино од преместувањето, но доволно скапо за да го преобликува сегашниот транспорт и туризам.
Таа опција ги зачувува спомениците и домовите, но ја ослабува секојдневната врска помеѓу Венеција и водата што ја опкружува.
Опцијата во која комплетно би се затворила лагуната би ги претворила водите на Венеција во управувано крајбрежно езеро зад трајни брани и повисоки надворешни одбрани.
Тој дизајн би можел да го одржи градот сув при екстремно зголемување на водостојот на морето и до над приближно 10 метри (33 стапки) покачување, далеку над границите на денешните бариери.
Друга екстремна верзија, односно супер насип, многу широк насип изграден за екстремни поплави, би можела да ја зголеми заштитата уште повеќе.
Сепак, цената би достигнала околу 32 милијарди долари, а екосистемот на лагуната нема да преживее во сегашната форма.
Опцијата за преселување на градот влегува во игра само во случај на многу повисоки нивоа на водата. Студијата ја третира како реална опција, а не само како мисловен експеримент.
Откако морето ќе се искачи над околу 15 стапки (околу 5 метри) преместувањето на спомениците во внатрешноста и целосното напуштање на делови од Венеција би можело да стане последна опција.
Тоа сценарио би можело да чини околу 108 милијарди долари и да го уништи урбаниот амбиент обележан со историски споменици.
Она што ќе преживее на новото, повисоко место, би биле само одбрани делови од Венеција – не целиот зачуван град каков што го знаат луѓето.
Опциите се исто така ограничени од трошоците. Сегашните бариери на Венеција чинат околу 6,5 милијарди долари, а секој покомплициран одговор чини многу повеќе.
Големите интервенции би можел да потраат од 30 до 50 години за да се изградат, што значи дека планирањето би требало да започне долго пред катастрофата да биде неизбежна.
Една од опциит е секако днината со ниски емисии на стакленички гасови, која би можела да го одржи пониското зголемување на нивото на морето од повеќе векови, додека пак недоволните климатски мерки само ја забрзуваат потребата од скапи решенија.
Чекањето на јасен пат би било ризично, бидејќи Венеција би можела да остане без практично време пред да остане без идеи.
Ниеден предлог не спасува сè одеднаш, бидејќи наследството, домувањето, работните места, екосистемите и секојдневната безбедност почнуваат да се судираат едни со други. „Нашата анализа покажува дека не постои оптимална стратегија за адаптација за Венеција“, рече Роберт Џ. Николс, професор по климатска адаптација на Универзитетот во Источна Англија.
Прстенестите насипи ги штитат домовите, но ги прекинуваат врските, додека запечатената лагуна го спасува градското ткиво со жртвување на екосистемот околу него.
Овие компромиси објаснуваат зошто студијата одбива да именува еден најдобар одговор и наместо тоа ги наведува деталите за секоја опција.
Културно, Венеција добива многу внимание, но овој основен проблем се протега далеку над североисточна Италија.
Повеќето ниско поставени крајбрежни населби можат да се прилагодат некое време на нивото на водата, но доказите покажуваат дека тие одбрани на крајот ги достигнуваат своите граници.
„Оваа студија покажува дека сите ниско населени крајбрежни области треба да го препознаат предизвикот на долгорочното зголемување на нивото на морето и да почнат да ги разгледуваат импликациите за прилагодување сега“, рече Николс.
Што ќе се случи следно ќе зависи од емисиите, парите, инженерството и јавната согласност – но најтешката одлука е да се утврди што ќе се изгуби за да се зачува.
(Фото: Плоштадот Сан Марко, Венеција, grumpylumixuser, CC BY 3.0)
Аналитика








