ПОВЕЌЕ

    ПОПУЛИЗАМ ИЛИ БИЗНИС ЛОГИКА? – Катерина Бошевска од ЕОС Матрикс Македонија во „Каде се парите? со Горан Теменугов“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Колку економските политики се носат врз основа на бизнис логика, а колку под влијание на популизам? Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрикс Македонија, посочува дека краткорочните мерки често изгледаат привлечно за јавноста, но не секогаш создаваат одржливи решенија за финансискиот систем. Таа објаснува дека бизнис логиката подразбира предвидливост, стабилност и јасни правила, што е важно за функционирањето на пазарот на побарувања. Според неа, системските решенија се поефикасни од ад-хок интервенции кои можат да создадат дополнителна несигурност. Прашањето е важно бидејќи економските политики директно влијаат врз довербата во институциите и стабилноста на пазарот.

    „Не смееме да заборавиме дека сепак зборуваме за должничко – доверителски однос и не сме бизнисот да се ремети, основната логика на бизнисот. Бизнисот е заснован на здрава логика. Ние не смееме да ја реметиме таа логика. Без разлика колку сакаме популистички тоа да делува или не. Тоа е мојата порака..“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично