ПОВЕЌЕ

    Уште 2,9 милиони евра за инвестиции – домашните компании досега добија поддршка од 239 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Нов трансфер од парите наменети за поттикнување на приватните инвестиции се насочува кон домашните компании. Министерството за финансии префрли 176,5 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, од централниот Буџет кон Развојната банка, од каде што средствата продолжуваат кон инвестициските проекти на компаниите.

    Со најновиот трансфер, вкупната финансиска поддршка што досега е обезбедена за домашниот бизнис достигна 14,7 милијарди денари, или 239 милиони евра. Тоа значи дека најголемиот дел од сумата предвидена за оваа намена веќе е ставен во функција, бидејќи во Буџетот се планирани вкупно 250 милиони евра.

    Станува збор за средства обезбедени преку заемот од унгарската Експорт-импорт банка, кои Владата ги насочи кон приватниот сектор со цел да се поттикнат нови инвестициски активности. Парите не одат директно од Буџетот до компаниите, туку се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашните деловни банки.

    За компаниите, клучниот дел од оваа финансиска поддршка се условите под кои можат да дојдат до капитал за своите инвестиции. Средствата се пласираат со каматна стапка од 1,95 проценти, рокот на отплата може да биде до 15 години, а предвиден е и грејс-период до три години.

    Новиот трансфер од 2,9 милиони евра дополнително ја зголемува сумата што преку оваа кредитна линија се става на располагање на домашните компании, во период кога Владата очекува приватните инвестиции да бидат еден од двигателите на економската активност.

    Интересот за овие средства е значаен и за банкарскиот сектор. ММФ во последниот извештај за Македонија наведе дека кредитниот раст во 2025 година достигнал 13 насто, при што меѓу факторите го издвојува и кредитирањето поврзано со унгарскиот заем. Во јуни годинава, пак, според Народната банка, кредитната поддршкаите кон компаниите на годишно ниво се зголемила за 14,2 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично