ПОВЕЌЕ

    Нарачките за храна се тие што му донесоа профит на Убер

    Време зa читање: < 1 минутa

    Убер објави уште еден квартал во кој имаше загуба повеќе од 1 милијарда долари. Приходите паднаа за 29%, покажувајќи ги драматичните ефекти на пандемијата.

    Резултатите на компанијата не успеаја да ги надминат очекувањата на Вол Стрит во крајна линија, но приходот всушност се покажа како подобар од предвидувањето на аналитичарите. Аналитичарите анкетирани од „ФакСет“ во просек очекуваат Убер да објави загуба од 81 цент по акција, или скоро 1,4 милијарди долари, со приход од 2,1 милијарди долари.

    Резервациите паднаа за 35%, на 10,2 милијарди долари. Главниот извршен директор Дара Хосурошахи ја опиша ситуацијата како „приказна за 10 000 градови“ во конференцискиот повик вчера попладне, велејќи дека градовите во Азија и во Европа се враќаат, додека САД се борат.

    „Нашето закрепнување на мобилноста е зависно од состојбата на јавното здравство во која било област“, ​​рече тој.

    Во меѓувреме, резервациите на Убер поврзани со испорака на храна, се зголемени за два пати. Овој сегмент донесе заработка од 1,21 милијарди долари. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично