ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка АД Скопје понуди нови промотивни депозити за штедачите – ПРОМО ФИКС во денари и во евра

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје понуди нови промотивни депозити – ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и 25 месеци, во промотивниот период од 20 мај до 30 септември 2020 година.

    За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 1,25% односно 1,75% за депозит орочен на 25 месеци. За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 0,75% односно 1,25% за депозит орочен на 25 месеци. Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционален метод и корисниците имаат можност да изберат месечен припис или исплата на каматата на трансакциска сметка.

    Следејќи ги барањата и потребите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје постојано го подобрува и проширува квалитетот на понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.

    Повеќе информации за новите ПРОМО ФИКС депозити можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК M-banking како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично