ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка донесе одлука кога ќе подели дивиденда

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ќе исплати дивиденда во бруто износ од 81.709.920 денари. Висината на бруто дивидендата по акција ќе изнесува 90 денари, односно 9% од номиналната вредност на акцијата која изнесува 1.000 денари. Ова стои во одлуката на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје, објавена на Македонска берза.

    Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2020 година се определува на еден од следните начини:

    -На 6.5.2021 година или осмиот ден од денот кога за банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда : 1. Со престанок на важност на одлуката за привремено  ограничување на распределбата и ислатата на дивиденда на акционерите на банките од 26.02.2021 година или 2. Со донесување на решение одлука или акт на надлежен орган со кој за банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда, стои во член 3 од одлуката.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е два работни дена пред датумот на евиденција утврден во согласност со член 3 од оваа одлука.

    Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 е еден неработен ден пред датумот на евиденција утврден во согласност со член 3 од одлуката.

    Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 20.05 .2021 или најрано по истекот на дваесет дена од денот кога за банката ќе престане да важи ограничувањето на распределба и исплата на дивиденда на еден од начините предвиден во член 3, се појаснува во одлуката.

    Дивидендата ќе се исплатува во готово на трансакциските сметки. Одлуката влегува во сила од денот кога за банката ќе престанат да важат ограничувањата за распределба на дивиденда.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично