ПОВЕЌЕ

    Триглав осигурување Живот донира за децата што останаа без родител поради трагедијата во Кочани

    Време зa читање: 2 минути

    Во овие тешки моменти на неизмерна тага и загуба, Триглав осигурување Живот искрено сочуствува со семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Свесни дека ништо не може да ја надомести загубата на најблиските, одлучивме да преземеме чекор кој барем малку ќе помогне во обезбедувањето иднина на децата што останаа без родител.

    Со цел да им пружиме финансиска сигурност во годините што доаѓаат, Триглав осигурување Живот ќе донира детско животно осигурување за сите малолетни деца кои останаа без родител, надевајќи се дека оваа поддршка ќе им донесе олеснување и сигурност во иднина.

    Оваа донација има за цел долгорочно да ги поддржи овие деца, обезбедувајќи им финансиски средства кога ќе станат полнолетни и ќе им помогне за образование, самостоен живот или реализација на други планови.

    Безбедната иднина на овие деца е чекор кон изградба на посилна и похумана заедница и затоа Триглав осигурување Живот со длабока солидарност ќе им помогне на семејствата барем малку да се растоварат од грижата за иднината на нивните деца.

    За повеќе информации семејствата на настраданите може да не контактираат на телефонскиот број + 389 25 102 201 или на e-mail [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично