ПОВЕЌЕ

    Триглав Осигурување – двигател на позитивни промени и иновации во бизнис заедницата

    Време зa читање: 3 минути

    Како компанија со долгогодишна традиција и лидер во доменот на неживотно осигурување, Триглав Осигурување успешно го комбинира искуството со иновацијата, обезбедувајќи врвни услуги за своите клиенти и значајно влијание врз развојот на македонската осигурителна индустрија.

    Нашиот успех се должи на јасната визија за иднината – усвојување на современи технологии и градење на одржливи бизнис модели, кои што го подобруваат квалитетот на живот за нашите клиенти.

    Една од нашите најнови иницијативи е воведувањето на онлајн пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување преку OneID, иновативна дигитална платформа, која што значително го поедноставува процесот. Оваа услуга, како и другите онлајн и мобилни решенија на Триглав, обезбедува непречен, сигурен и брз пристап до услугите, прилагоден на потребите на современиот корисник. Ваквите дигитални решенија го олеснуваат работењето и овозможуваат значителни придобивки во ефикасноста и задоволството на клиентите, што е од суштинска важност во нашата стратегија за долгорочен развој.

    Дополнително, воведуваме и иновативни решенија, како процена на штети на далечина како и употреба на дрон за прием во осигурување и процена на штети, што значително го скратува времето за обработка на барањата. Оваа технологија ни овозможува брза, прецизна и транспарентна проценка, што дополнително го подобрува квалитетот на нашите услуги и ефикасноста во работењето.

    Покрај технолошките иновации, фокусот на одржливоста е уште еден важен аспект на нашата визија. Активно го следиме глобалниот тренд на грижа за животната средина, воведувајќи нови производи и услуги кои се насочени кон поддршка на одржливи решенија како Каско Green, кое што нуди поволности за осигурување на хибридни и електрични возила, а во понудата веќе имаме и решенија за осигурување на фотоволтаици. Исто така, енергетската ефикасност, како предност и поттик, е вградена во нашите производи за осигурување на дом.

    Преку активно партнерство и спонзорирање на проекти, ја поддржуваме соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор во создавањето услови за одржлив економски раст. Водени од нашите вредности за одговорност и посветеност кон квалитетот, во Триглав настојуваме да ги поддржиме оние, кои со својата работа придонесуваат кон заедничкиот напредок на општеството.

    Нашата улога на пазарот се огледува и во нашата способност да ги препознаеме и прифатиме предизвиците на иднината. Во време на брзи промени и дигитална трансформација, Триглав Осигурување останува посветен на развојот на иновативни решенија кои го подобруваат не само работењето на компанијата, туку и квалитетот на живот на нашите клиенти и пошироката заедница. Ние ја прифаќаме одговорноста како еден од лидерите во индустријата да поставуваме нови стандарди и да бидеме двигатели на позитивни општествени промени.

    Во годините што следат, ќе продолжиме да вложуваме во иновации и да поддржуваме значајни проекти, кои што ја обликуваат иднината на осигурителниот сектор и на економијата. Нашата визија е јасна – да бидеме водечки пример за успешен и одржлив бизнис кој се грижи за своите клиенти, заедницата и животната средина, со фокус на создавање долгорочни решенија кои придонесуваат за сигурна и стабилна иднина за сите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично