ПОВЕЌЕ

    Трамп го одобри договорот за Тик Ток со Оракл и Волмарт

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри договорот со кој ќе се дозволи апликацијата ТикТок да продолжи да се користи во оваа земја, благодарение на новата компанија „ТикТок Глобал“ со која би управувале Американците, поточно соработката на кинеската апликација со Оракл и Волмарт.

    Тој рече дека овој договор гарантира „100% сигурност“, откако американските власти изразија страв во врска со пристапот до корисничките податоци од страна на кинеските власти. Трамп рече дека „ТикТок Глобал“ ќе биде целосно контролиран од Оракл и Волмарт и дека седиштето ќе биде во Тексас. Компанијата, наводно, се согласила да донира 4,2 милијарди евра на американскиот фонд за образование.

    Набргу по коментарите на Трамп, Оракл објави дека е избран за безбеден провајдер на облак на ТикТок и ќе стане малцински инвеститор со удел од 12,5%. Тик Ток ја потврди улогата на Оракл и рече дека работи со Волмарт на комерцијално партнерство. Волмарт рече дека привремено се согласил да купи 7,5% од акциите, а извршниот директор Даг Мекмилон ќе биде еден од петте членови на одборот на новоформираната компанија.

    „Покрај тоа, ние ќе работиме на првичната јавна понуда на компанијата во САД во текот на следната година за да донесеме уште поголема сопственост на граѓаните на САД“, рече портпаролот на „Волмарт“, цитиран од Seebiz.eu. Кинеската матична компанија Тик Ток, „БајтДенс“, ќе биде сопственик на преостанатите 80% од Тик Ток, според лице запознато со ова прашање.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично