Претставникот за трговија на претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека ќе има царини за Мексико и Канада иако земјите се дел од континентален трговски пакт. Зборувајќи денес во Советот за надворешни односи, трговскиот претставник на Соединетите Американски Држави, Џејмисон Грир, беше прашан за состојбата на преговорите со Отава околу трговскиот договор Канада-САД-Мексико, познат како CUSMA.
„Ќе имаме царини сè додека имаме огромен трговски дефицит“, рече американскиот трговски претставник Џејмисон Грир на форумот. „Реалноста е дека изминатата година и пол одевме во земји кажувајќи им дека мора да имаме одредено ниво на царини“.
Администрацијата на Трамп започна официјални преговори со Мексико, но тие не започнаа со Канада.
Грир вели дека повеќето земји неволно прифатиле одредено ниво на царини, но пристапот на Канада е различен.
Грир вели дека Канада е во „различна позиција“ кога станува збор за прифаќање на царините на Трамп и „тешко е да се види каде тоа завршува“.
Грир вели дека некои области од преговорите со Канада ќе бидат предизвикувачки – посочувајќи го автомобилскиот сектор – но други нема да бидат толку тешки.
Во меѓувреме, Мексико и Европската Унија во петокот го потпишаа долго одложуваниот договор за слободна трговија, во обид да ја намалат зависноста од САД и делумно да се изолираат од царините на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.
Спогодбата, за која постигнаа широк договор во 2025 година, но го одложија потпишувањето, го проширува трговскиот договор меѓу Мексико и ЕУ од 2000 година, кој опфаќаше само индустриски стоки. Новиот договор додава услуги, владини набавки, дигитална трговија, инвестиции и земјоделски производи.
Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, треба да го потпишат договорот во Мексико Сити на нивниот прв самит по повеќе од една деценија.
(Фото: Petar Milošević – Own work, CC BY-SA 4.0)
Аналитика








