ПОВЕЌЕ

    Текстилниот гигант под Шар Планина прокнижи добивка над 1,1 милион евра

    Време зa читање: 3 минути

    Во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи на ТЕТЕКС АД –  споредено со последните ревидирани финансиски извештаи за периодот јануари-декември 2020година немаше промени.

    Текстилниот гигант, ТЕТЕКС АД оствари нето добивка во износ од 70.857 илјади денари, искажана во неревидираниот Биланс на успех.

    Оперативните приходи изнесуваат 160.161 илјади денари со следна структура на учество :

    1.Приходи од продажба изнесуваат 76.910 илјади денари

    2.Капитализирано сопствено производство изнесува 4.886 илјади денари

    1. Останати оперативни приходи изнесува 78.365 илјади денари
    2. Приходите од продажба се состојат од:

    – продажба на производи и стоки на домашен пазар 61.536 илјади денари

    – продажба на производи и стоки на странски пазар 15.374 илјади денари

    Со одлука на менаџментот на 29.02.2020 година престана производствениот процес, и Тетекс АД во своето работење претежно се ориентираше кон издавање на слободни простори под закуп на други правни лица, при што за 2020 година по овој основ е остварен приход во износ од 27.619 илјади денари. Покрај ова во структурата на приходите остварени на домашен пазар се вклучени приходи од други услуги 7.180 илјади денари.

    Во останатите оперативни приходи е вклучен од приходот остварен од продажба на недвижен имот во износ од 60.644 илјади денари и 11.822 илјади денари од продажба на опрема која во Тетекс АД не е во функција.

    Оперативните расходи изнесуваат 115.653 илјади денари, а истиот период 2019 година изнесуваа 225.993 илјади денари.

    Бидејќи во 2020 година дојде до запирање на производниот процес , трошоците за материјали и суровини значително се намалија од 96.147 илјади денари во 2019 година, на 20.072 илјади денари во 2020 година. Се намалија и останатите трошоци и трошоците за услуги. Значајна ставка во билансот на успех се трошоците за вработени, во која спаѓаат исплатите на отпремнина на 173 производствени работници кои беа прогласени како технолошки вишок согласно Законот за работни односи, во износ од 21.124 илјади денари. Платите на вработените редовно се исплаќаа до 12 ти во месецот, за претходниот месец. Во тек на 2020 година, согласно Законот за работни односи и колективниот договор, на работниците им се исплати регрес за годишен одмор, како и други помошти предвидени со истиот.

    Во Финансиските приходи се вклучени приходите од дивиденда кои ТЕТЕКС АД ги оствари во ТТК Банка во износ од 41.475 илјади денари.

    До 31.12.2020 година исплатено е дивиденда во вкупен износ од 63.046 илјади денари, што претставуваше 152,223 илјади денари бруто дивиденда по акција.

    ТЕТЕКС АД годината ја заврши без обврски по кредити, бидејќи обврската кон банката по краткорочниот кредит од 29.000 илјади во 2020 година е подмирена .

    За периодот 01.01.-31.12.2020 Тетекс АД поднесува и консолидирани финансиски извештаи. Во консолидацијата е влогот на ТЕТЕКС АД во ТТК банка, по методот на основна главнина.

    Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД, во постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат од работењето.

    Друштвото ги следи економските трендови во регионалната и глобална економија, за да добие информации за правилно одлучување во иднина. Се преземат сите неопходни активности како би се прилагодиле на новонастанатата состојба предизвикана од вирусот ковид-19, а воедно да се задоволат барањата на купувачите, вработените и акционерите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично