ПОВЕЌЕ

    Тесла мора да плати дури 130 милиони долари отштета на поранешен работник

    Време зa читање: 2 минути

    Американски федерален судија и наложи на Тесла Инк да плати отштета од повеќе од 130 милиони долари на поранешен работник, откако беше откриено дека е изложен на расно непријателска работна средина, објави Волстрит Журнал.

    Судијата рече дека компанијата не презела разумни чекори, кога Овен Дијаз, работник кој бил вработен како оператор на лифтови во фабриката Тесла Фремонт во 2015 и 2016 година се пожалил на расна злоупотреба.

    Во порака до вработените објавена од Тесла на својата веб -страница, производителот на автомобили рече дека судењето се однесува на расни навреди што се случиле во фабриката и расистички графити во бањите. Исто така, беше кажано дека, три пати кога Дијаз се жалел на малтретирање, компанијата Тесла интервенирала и се погрижила да бидат преземени мерки, пренесува Хина.

    Тесла: Воведовме некои промени

    „Иако силно веруваме дека овие факти не ја оправдуваат казната што ја изрече поротата во Сан Франциско, ние признаваме дека 2015 и 2016 година не беа совршени“, рече Тесла.

    Пред почетокот на судењето, судијата Вилијам Орик ги отфрли обидите на Тесла да исклучи еден поротникот од поротата, велејќи дека верува оти обидот бил расно мотивиран и намерно дискриминаторски.

    Тесла рече дека направи промени откако Дијаз работеше во фабриката во Фремонт, вклучително и тимови посветени на истражување на поплаките на вработените и осигурување дека вработените имаат еднакви можности во компанијата. Минатата година, производителот на автомобили откри во својот прв извештај за расната разновидност дека Афроамериканците сочинуваат четири проценти од првите позиции на Тесла и десет проценти од работниците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично