Во соопштение до јавноста, Сава пензиско друштво АД Скопје известува дека на ден 27.08.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од камата од инвестици во домашни државни обврзници, во износ од 4.199.781 денари. На истиот датум пристигнаa приливи од камата во износ од 174.590 денари и 385.249 денари, по основ на орочен депозит во Охридска Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Битола, соодветно.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/