ПОВЕЌЕ

    Пари за 600 возила што ќе вградат уред на плин или метан

    Време зa читање: 2 минути

    Повторно и оваа мерка по принципот „прв дојден, прв услужен“, државата ќе ги финансира граѓаните што ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), или метан во возилата.

    Тие ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но  износот што ќе го покрива државата сепак не смее да биде повисок од 18.000 денари  или неполни 300 евра по возило.

    Како што информираат од Министерство за Економија, државата вторпат ќе ја реализира оваа мерка, по 2019 година. Средствата што лани биле наменети за таа цел, поради пандемијата биле пренаменети за најпогодените сектори.

    За оваа мерка се предвидени 11.000.000 денари, што кога ќе се сведе на 18.000 денари по возило, значи дека со истата ќе бидат опфатени околу 600 возила.

    Субвенцијата би изнесувала помалку од 18.000 денари единствено во случај кога и уредот за автогас би чинел помалку од околу шестотини евра.

    Во случај возачите да вградат уред за автогас што чини 1.500 евра, државата пак ќе им надомести најмногу 18.000 денари, односно околу 300 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично