ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје продава превземен имот

    Време зa читање: 5 минути

    Под оглас број 2-04/2021 Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот превземен имот:

    1. Деловен простор во Кочани на ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 32м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална/почетна цена од 3.345 ЕУР
    2. Деловен простор во Кочани ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 40м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална/почетна цена од 3.488 ЕУР;
    3. Недвижен имот лоциран на ул.Ленинова што се наоѓа во Скопје на ул.Ленинова,број  10, обележан на КП 5473 ,според Имотен лист број 97044  за КО Центар 1 ,во вкупна површина од 754 м2 во заедничка сопственост со Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп.
      Своето учество во сопственоста банката го продава за минимална/почетна цена од 300.000 ЕУР.
      Напомена: дополнителни 401м2 се предмет легализација, а земјиштето под и околу објект е во сопственост на трето физичко лице.
    4. Деловен простор во Охрид, на ул.Туристичка, ТЦ Трудбеник запишан во Имотен лист бр.18190 за КО Охрид 2 со површина од 22м2 за минимална/почетна цена од 9.891 ЕУР;
    5. Куќа во Скопје ул.Алија Авдовиќ бр.38А Скопје со вкупна површина од 225м2 за минимална/почетна цена од 8.317 ЕУР.
    6. Спрат од куќа во Струмица на ул. М.Тито бр. 158 Струмица 1 кат од  67 м2 запишан во ИЛ бр.13407 за КО Струмица за минимална/почетна цена од 10.660 ЕУР;
    7. Фарма за одгледување на прасиња во с.Тркање Кочани запишана во ИЛ 1157 за КО Тркање со вкупна површина од 595м2 со земјиште од 2.783м2 за минимална/почетна цена од 38.491 ЕУР;
    8. 2 (две) куќи во Драчево со заеднички двор, со површина од 67м2 (ПО+ПР), односно 166м2 (ПО+ПР+МА) на ул. Робеспјерова бр.25 за вкупна минимална/почетна цена од 72.000 ЕУР.
      Напомена: имотите не се во владение на Банката и сите идни постаки околу обезбедување на владение се обврска на избраниот купувач.
    9. Деловен простор во Струмица на ул.Гоце Делчев бр.22 со површина од 43м2 за минимална/почетна цена од 32.000 ЕУР;

    Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
    Во цената на имотите под точка 1,2,4,7 и 9 не е вклучен  ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
    Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
    Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
    Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.

    Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.

    Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

    • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
      • Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,  
      • Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
      • Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
    • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
      • цената која се нуди за купување на недвижноста;
      • согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
      • согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

    Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

    Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

    Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

    Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

    Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

    Рокот за доставување на Понудите е 9. 4. 2021 година.

    Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280,  02/3295-283

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично