ПОВЕЌЕ

    СТОПАНСКА БАНКА НАЈАВИ ИСПЛАТА НА НОЕМВРИСКИТЕ ПЕНЗИИ: Таа ќе биде етапна и во групи за оние кои не користат платежна картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје известува дека пензиите за ноември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

    Со пензиите за месец ноември, клиентите ќе можат да располагаат од 29.11.2022 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    • до 11.000 денари на 29.11.2022 г. (вторник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 30.11.2022 г. (среда)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 1.12.2022 г. (четврток)
    • над 18.000 денари на 2.12.2022 г. (петок)

    Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. При посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија, апелираат од Банката.

    Од банката алепираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

    За влез во филијалите од банката препорачуваат носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично