ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје присуствуваше на test drive на 2-та трицикли кои ги набави за слободно користење на лицата со посебни потребни

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД Скопје го сподели на својата фејсбук страница задоволството од присуството на test drive на 2-та трицикли за возрасни кои банката ги набави за слободно користење за лица со посебни потреби за велосипедски прошетки во Градот.

    Трициклите се дел од ангажманот на Банката за поголема употреба на велосипедите преку #ВозиОдСрце и #ВозиПравоВозиЗдраво кампањите и ќе бидат достапни за бесплатно изнајмување од Rent a bike Skopje Vinyl кои доброволно се пријавија да ги чуваат и сервисираат трициклите кои се набавени од АгроТехнА, посебно продуцирани за оваа потреба од брендот на велосипеди Макс.

    Нашите другари Дарко, Никола, Марио и Стефан вчера првпат се возеа и уживаа во слободното движење.

    Стопанска банка АД Скопје ги повикува сите заинтересирани родители да се обратат во Rent a bike Skopje Vinyl и да закажат термин за возење и начин за изнајмување и користење на трициклите. Препорачуваат и користење на заштитна опрема (на пр. кацига) и користење на велосипедските патеки во Градот. Порачуваат возачите кои ќе ги видат нашите нови сограѓани велосипедисти да ги поздрават и да им овозможат безбедни услови за движење.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично