ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје предупредува: Лажни профили на социјалните мрежи

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД Скопје предупредува за постоење на лажни профили на социјалните мрежи. Банката апелира клиентите на банката и сите останати граѓани да бидат внимателни и да не споделуваат лични податоци со ваквите лажни профили. Подолу ви го пренесуваме соопштението на Стопанска банка АД Скопје во целост:

    Почитувани,

    Во последните месеци, многу зачестено на социјалните мрежи Facebook/Instagram се појавуваат лажни профили/страници кои се претставуваат како познати домашни компании и повикуваат на учество во лажни наградни игри, притоа од учесниците бараат да споделат лични податоци како лична карта, своја фотографија, телефонски број, некои финансиски податоци и/или e-mail.

    Со споделување на овие податоци, клиентите се изложени на понатамошни злоупотреби на нивниот идентитет, па затоа наша препорака е секако прво НИКОГАШ да не споделуваат лични податоци преку овие канали за неформална комуникација и да се задржат на комуникација со Банката преку контакт центарот или филијалите и второ, доколку веќе биле жртви на измамата, да ги заменат личните документи кои ги споделиле со измамниците и да пријават во најблиска станица на Министерство за внатрешни работи.

    Стопанска банка АД – Скопје навремено пријавува до Facebook дека постои лажна страница/профил која има за цел злоупотреба на корисниците на Facebook меѓутоа брзината на реакцијата не може да се предвиди. Корисниците може да помогнат за побрзо отстранување на овие лажни профили со едноставно пријавување односно report page.

    За крај, уште еднаш информираме дека Банката НИКОГАШ не спроведува ваков вид на акции на прибирање на лични податоци од клиентите, дека секоја наградна игра мора да биде објавена на веб страницата и за тоа да се информирани филијалите и вработените.

    Бидејќи овој вид на измами се појавуваат и за многу локални брендови (банки, големи маркети и продавници, медиуми и сл.) повикуваме на зголемено внимание.

    Стопанска банка АД – Скопје

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично