Унгарската Влада донела одлука за забрана на увоз на земјоделски производи од Украина, мерка што ја соопштил премиерот на државата Петер Маѓар преку објава на социјалната мрежа Икс.
Според унгарските власти, ограничувањата се однесуваат на повеќе категории прехранбени производи, меѓу кои месо (говедско, свинско, јагнешко, овчо и живинско), замрзнат зеленчук и житни култури.
Од Владата се најавува и нов законски предлог со кој ќе се обезбеди правна основа за продолжување на мерките и заштита на домашното земјоделско производство.
Како што појаснува министерот за земјоделство и храна, претходниот правен режим бил поврзан со вонредни состојби, кои во меѓувреме биле укинати, поради што е неопходно ново законско решение.
Во Унгарија забраната за украински земјоделски производи првпат беше воведена во 2023 година, а мерките се надоврзуваат на пошироки европски дебати околу увозот од Украина по почетокот на војната, кога ЕУ воспостави т.н. „коридори на солидарност“ за извоз на украинско жито.
Неколку земји од регионот претходно реагираа дека зголемениот увоз врши притисок врз домашните пазари и цените на земјоделските производи.
Аналитика








