ПОВЕЌЕ

    Статистика на магистериуми и докторати: Жените доминираат во науката

    Време зa читање: 2 минути

     

    Со титулата магистер на науки и специјалист, лани се стекнале 1.883 лица. Поголемиот дел од нив – 84,4 отсто, или 1.590 одбраниле магистерска теза. Специјалисти се 293, односно 15,6 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој сегмент се бележи намалување од 4,7 отсто во однос на 2021 година.

    Што се однесува до половата застапеност, статистиката утврдила доминација на жените. Нивното учество е 61,3 отсто во вкупниот број лица што се искачиле на научното скалило магистер на науки.

    Од аспект, пак, на сферите на интересирање, предничат трудовите од областа на бизнисот, администрацијата и правото. На теми поврзани со нив биле напишани 611 трудови, или имаат удел од 38,4 проценти во вкупната бројка. Сладат инженерството, производството и градежништвото со 18,5, па општествените науки со 15,1 отсто. Останатиот дел, велат статистичарите, се од областите со помал процент на застапеност.

    Во текот на минатата година со звањето доктор на науки се здобиле 197 лица, меѓу кои 99 жени (50,3 проценти). Споредено со претходната 2021, кај финализацијата на ова образовно ниво има намалување од два отсто.

    Најмногу докторати – 31 процент, се одбраниле во здравството и социјалната заштита. На полето на бизнисот, администрацијата и правото – 17,8, на општествените науки, новинарството и информирањето 10,2, а во областа на уметноста и хуманистичките науки – 9,1 отсто.

    Исто така, статистичките показатели велат дека најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25,9 отсто, ја вршат својата професија во дејностите на здравствената и социјалната заштита.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично