ПОВЕЌЕ

    Србија веќе ги троши резервите на гас, без помош на Унгарија тешко би ја преживеале зимата

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија почнала да ги троши резервите на гас, бидејќи договорените количини што ги добива на дневна основа не се доволни за задоволување на тековните потреби. Вучиќ истакна дека од утринава резервите се 650 милиони кубни метри гас, наместо 760 милиони кубни метри, а цената на гасот во изминатите девет дена поскапела четири до пет пати.

    Тој рече дека е постигнат договор со Бугарија и дека дополнителни количини ќе одат во Србија. „Гасот не спасува денеска, а благодарение на термоелектраните Панчево и Нови Сад можеме да презимиме“, рече Вучиќ на прес-конференција со премиерите на Унгарија и Австрија.

    Тој изрази благодарност до унгарскиот премиер Виктор Орбан за помошта и посочи дека на Србија ќе ѝ биде тешко да ја „помине зимата“ без таа помош.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека „се додека Унгарија има гас, ќе има и Србија, а можете да бидете сигурни дека додека Унгарија има гас, ќе има и Србија“, рече Орбан.

    Српските власти на почетокот на октомври рекоа дека земјата има доволно резерви на гас за да помине низ два месеци од „најлошото сценарио“, но се обидува да го диверзифицира снабдувањето и да се оддалечи од зависноста од Русија.

    Како дел од тие напори, во моментов гради интерконектор со Бугарија и сака да го стори истото со Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Романија. Белград гради и нафтоводна врска со Унгарија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично