ПОВЕЌЕ

    СО КОЛКАВ ПРОЦЕНТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЕНЗИИТЕ?: Се очекува растот на платите да ги подобри првичните најави

    Време зa читање: 3 минути

    Министерство за труд ги прави официјални пресметки за растот на пензиите за кои се неопходни податоци за инфлацијата и за растот на платите заклучно со јуни. Додека податокот за инфлација веќе подолго време е на располагање, поради што Министерството за труд веќе излезе со информација дека пензиите од септември ќе растат за најмалку 6 проценти, вчера Државниот завод за статистика излезе со податокот и за јунската просечна плата и таа е 32.786 денари. Просекот од просечните нето плати во првите 6 месеци од годинава во однос на второто полугодие од 2022 година покажува дека тие пораснале за 7,6%. Имено просекот на нето-платите во првото полугодие од годинава е 35.284 денари, а во второто полугодеие од минатата година е 32.786 денари. Овој процент може да се очекува дека позитивно ќе влијае на конечните пресметки за усогласувањето на пензиите што се врши според инфлацијата и растот на платите, па процентот за растот на пензиите да се најде некаде меѓу 6 и 7%. Конечна пресметка на процентот, може да извршат само надлежните институции затоа што Државниот завод за статистика официјално не го дава податокот на просечната инфлација во првотото полугодие од годинава во однос на второто полугодие од минатата година.

    Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување пишува:

    „Усогласувањето на старосната пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Пензијата од ставот (1) на овој член, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.“

    Според податоците од Фондот за пениско и инвалидско осигурување просечната пензија е 19.106 денари. Ако, условно процентот на растот на пениите биде  6,5%, тогаш просечната пензија во септември ќе биде поголема за 1.242 денари, односно ќе изнесува 20.348 денари. Износот на најмалите евидентирани пензии од 11.897 денари ќе се зголемат за 773 денари и ќе бидат 12.670 денари, а највисоките пензии кои сега се 69.803 денари, ќе се зголемат за 4.537 денари и ќе изнесуваат 74.340 денари.

    Токму ваквите разлики во зголемувањето на пензиите ги разжештија пениознерите кои излегоа повќе пати на протести барајќи регулатива за утврдување на минимална пензија и нејзино линеарно зголемување за 3.500 денари. Но, експертската јавност потенцираше дека пенизјата е економска, а не социјална категорија. Тоа го рече и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска потенцирајќи дека пензиите се резултатат на парите што како придонес ги издвојувале сегашните пензионери во минатотото.

    К.А.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично