ПОВЕЌЕ

    Скокнаа цените на светските берзи

    Време зa читање: 3 минути

    Цените на светските берзи се зголемија минатата недела, трета недела по ред, а причина за тоа е олеснување на трговските тензии помеѓу САД и Кина и новите мерки на Европската централна банка за зајакнување на економијата.

    На Wall Street, Dow Jones (пазарен индекс што ги мери перформансите на пазарот на 30-те најголеми компании листирани на берзите во САД) минатата недела се зголеми за 1,6%, или на 27.219 поени, додека S&P 500 (пазарен индекс што ги мери перформансите на пазарот на 500-те најголеми компании листирани на берзите во САД) се искачи за 1%, или на 3.007 поени и индексот NASDAQ за 0,9%, или на 8.176 поени.

    Порастот на цените на берзите веќе трета последователна недела е предизвикан од продолжувањето на трговските преговори на Вашингтон и Пекинг на почетокот на октомври. Ова ги олесни тензиите што ги мачат пазарите со месеци. Во средата, Кина објави дека ќе изземе одредени американски производи од листата на оние кои ќе наметнат дополнителни давачки од денес, 17 септември и ќе купат повеќе американски земјоделски производи. Веднаш наредниот ден, претседателот на САД, Доналд Трамп го одложи воведувањето дополнителни царини за увоз на кинески производи за две недели.

    Инвеститорите се расположени и поради олеснувањето на монетарната политика на Европската централна банка. ЕЦБ истиот ден, во четвртокот, решија на редовната седница да ги намалат каматните стапки на банкарските депозити за дополнителни 0,10 процентни поени, односно на минус 0,5% и да го рестартираат откупот на обврзници, до 20 милијарди евра месечно. Тие, исто така, рекоа дека ќе продолжат да ја зајакнуваат економијата на Еврозоната онолку колку што е потребно. „Ризичните средства треба да продолжат да добиваат поддршка од „лабавата“ монетарна политика, која ќе трае некое време, но не само во Европа, туку и на други места во светот“, вели Ести Двек, пазарен стратег на компанијата „Натиксис Инвестмент Менаџерс“.

    Кина воведе нови мерки за монетарно стимулирање пред околу 10 дена, додека ФЕД (Централната банка на САД) ќе донесе одлука за каматните стапки следната недела. Повеќето аналитичари очекуваат ФЕД дополнително да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени, по првото намалување во месец јули.

    Цените на капиталот се зголемија и на европските берзи минатата недела. Индексот FTSE во Лондон (пазарен индекс што ги мери перформансите на пазарот на 100-те најголеми компании листирани на берзата во Лондон) порасна за 1,2%, или на 7.367 поени, додека индексот DAX во Франкфурт (пазарен индекс што ги мери перформансите на пазарот на 30-те најголеми германски компании листирани на берзата во Франкфурт) порасна за 2,3%, или на 12.468 поени и индексот CAC 40 во Париз (пазарен индекс што ги мери перформансите на пазарот на 40-те најзначајни акции помеѓу 100 најголеми компании листирани на берзaтa во Париз) за 0,9%, или на 5.655 поени. На берзата во Токио, индексот Nikkei 225 скокна за 3,7%, или на 21.988 поени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично