ПОВЕЌЕ

    Се бараат работници за 8.000 работни места

    Време зa читање: 2 минути

    Потребни се работници од профилите: продавачи, шивачи, келнери, администратори, градежни работници, готвачи, армирачи, обезбедувачи на имот на лица.

    И во услови на криза предизвикана од ковид-19 продолжува побарувачката за работници од страна на работодавачите, истакна директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска при денешната посета на Центарот за вработување во Берово.

    Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања меѓу кои продавачи, шивачи, келнери, администратори, градежни работници, готвачи, армирачи, обезбедувачи на имот на лица и слично – рече Јовановска.

    Агенцијата продолжува да ги спроведува активните програми и мерки за вработување дефинирани во Оперативниот план за 2020 година.

    Во изминатиот период април, мај и јуни преку спроведување на мерките од Оперативниот план за 2020 година, беа потпишани договори со 3.717 правни субјекти за вработување на 3.576 невработени лица од кои 2.364 се вработувања преку Младинската гаранција, односно, вработувања на млади лица на возраст до 29 години – рече Јовановска.

    На ниво на двете општини – Берово и Пехчево, само една фирма од угостителската дејност отпуштила вработени, додека во останатите сектори, како што информираше раководителот на Центарот за вработување во Берово, Љупчо Димитровски, бројот на вработени со мерките на Владата се зголемил.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично