ПОВЕЌЕ

    САМИ СЕ НАПАЃАВМЕ, ЗАТОА ГО ДОЖИВЕАВМЕ ИСТОРИСКИОТ ПОРАЗ! Сања Лукаревска во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    СДСМ на изборите во 2024 година го доживеа најголемиот изборен неуспех досега. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, пратеничката Сања Лукаревска отворено зборуваше за причините, посочувајќи ги лошите меѓучовечки односи во партијата како една од главните причини за катастрофалниот резултат на изборите.

    „Многу пати имам на медиумски настапи зборувано, потоа милуваат одредени, да речам, мои сопартијци, да го скриншотуваат и да ловат вештерки. Е, заради тоа. Една од причините е таа, бидејќи многу малку се сакавме себе, а многу повеќе се занимававме како да се нападнеме.

    Многу малку се занимававме со она што значи наш политички противник, а повеќе се занимававме со себе. Ако членството, секако дека замеруваше што дел од функционерите беа неконтактибилни, поголемиот дел од членството, 100%, можам да кажам, па дури и јас стојам на тоа дека политиките кои што ги градевме заедно со ДУИ, рефлектираа негативен рејтинг. На СДСМ.

    Не на ДУИ, бидејќи ДУИ, како што рековте и Вие, за малку ќе беа и втора опција.“

    Следете не и притиснете subscribe на нашиот Јутјуб канал ПАРИ. Премиерите се секој четврток точно напладне. Сите содржини се бесплатни и овозможени од пријателите кои ја поддржуваат слободната јавна дебата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично