Нов претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка
Промени во раководната структура на Силк Роуд Банка
Во Централниот регистар на 19.08.2019 е извршен упис на Ролф Валтер Шнеебели за член и претседател на Управниот одбор.
Согласно објавата на Македонска берза, вршителот на должност Член и Претседател на Управен одбор се именува по добивање на согласност од гувернерот на НБРСМ.
Со тоа, членови на Управниот одбор се: Ролф Валтер Шнеебели – Претседател, и Игор Димитров – Член на Управен одбор.