ПОВЕЌЕ

    Резултатите ја потврдија успешната примена на стратешката политика -Јавно обраќање на менаџментот на ТТК банка

    Време зa читање: 5 минути

    ТТК банка ги усогласи своите активности со клучните приоритети, а тоа резултираше со зголемена профитабилност и со зацврстување на финансиската стабилност, обезбедувајќи конзистентна вредност за клиентите, за акционерите и за пошироката заедница. Деловната 2024 година беше година на успешна реализација на стратешките цели, се вело во јавното обраќање на менаџментот упатено до акционерите, клиентите и соработниците на ТТК банка АД Скопје.

    Обраќањето, во кое се опфатени сегментите од минатогодишното работење, е од членовите на Управниот одбор: претседателот и генералниот извршен директор, Драгољуб Арсовски, генералниот директор за управување со ризици, Наталија Алексова и  генералниот директор за комерцијално банкарство, Димитри Трповски.

    Добивка и раст во 2024 година – Фокусирајќи се на квалитетот на активата, управување со ризиците и контрола на трошоците, Банката оствари резултати кои ја потврдија успешната примена на стратешката политика, фокусирана на иновации, одржливост и континуиран развој на понудата на производи и услуги, што ја засили конкурентноста на Банката. Заклучно со 31 декември 2024 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 108,3 милиони денари, што претставува раст од 2,9 % во однос на истиот период минатата година. Континуираниот раст на деловните активности беше проследен со зголемување на оперативните приходи од 3,6 %, со истовремено контролирано зголемување на расходите од 8,0 %. Исправките на вредноста на финансиските средства на нетооснова во износ од 37,4 милиони денари дополнително ја потврдуваат финансиската стабилност на Банката и нејзината способност за приспособување во услови на динамично пазарно опкружување.

    Доверба и раст во сегментот на кредитирање и депозити – Финансиските резултати ја потврдуваат стабилноста и одржливиот раст, при што вкупната актива бележи зголемување од 9,1%, со раст на нето-кредитите за 10,1% и зголемување на депозитите од домаќинства за 13,8%. Овој раст ја одразува довербата на клиентите и способноста на Банката да понуди соодветни финансиски решенија.

    Развој на бизнисот со картички – Растечкиот тренд во бизнисот со картички доведе до зголемување на бројот на издадени картички за 7%, како и раст на обемот на реализираниот промет за 16%. Овие резултати ја потврдуваат довербата на клиентите и успешната стратегија на Банката за развој на овој сегмент.

    Раст во платниот промет – Широката достапност, ефикасната организација и брзината на услугите придонесоа за зголемување на бројот на трансакции во денарскиот платен промет за 3,1% во однос на минатата година. Во меѓународниот платен промет, Банката, исто така, забележа раст од 4,9%, што ја потврдува нејзината конкурентност и довербата на клиентите.

    Признанија и награди – Во 2024 година Банката ја доби наградата „Акција сонајголем пораст на цената кај компании со пазарнакапитализација под 50 милиони евра“, доделена одМакедонската берза за хартии од вредност. Оваанаграда е потврда за препознаеното успешно

    работење, за професионалноста и за вредноста што ТТК банка АД Скопје континуирано ја создава за своите акционери, клиенти, партнери и за пазарот на капитал.

    Нови финансиски активности – Во текот на 2024 година, во согласност со стратешките определби, деловната политика и развојниот план, ТТК банка АД Скопје воведе нова финансиска активност –маркетинг на капитално финансирано пензиско осигурување. Оваа активност има за цел да ја прошири понудата на производи и услуги, да придонесе кон зголемување на некаматоносните приходи и да ја зајакне конкурентноста на Банката.

    ESG-иницијативи и одржлив развој – ТТК банка АД Скопје продолжи да ја зајакнува посветеноста кон ESG-начелата преку интегрирање одржливи практики и понуда на зелени кредити. Во 2024 година Банката склучи договори за соработка со УНДП и ИОМ во рамките на Заедничката програма на Глобалниот фонд на ОН – „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“. Преку програмата, Банката ќе овозможи значајна финансиска и техничка поддршка со 30% грант за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност наменети за домаќинства од недоволно опслужени целни групи.

    Општествена одговорност – Преку транспарентни и етички активности, Банката ги поддржува вредностите што го претставуваат нејзиното работење: доверба, традиција, ентузијазам, искуство и знаење, тимски дух и професионализам. Активната поддршка на ТТК банка АД Скопје придонесува за позитивни придобивки за заедницата, преку различни активности во форма на спонзорства и донации за културата, за спортот, за образованието и за здравството.

    Развој на човечкиот капитал – Ценејќи ја клучната улога на вработените во развојот на Банката, во 2024 година ТТК банка АД Скопје продолжи да имплементира современи практики за нивен развој и благосостојба. Банката продолжи да инвестира во човечкиот капитал, поддржувајќи инклузивен и одржлив раст со еднакви можности за сите вработени и праведна родова застапеност.

    Континуиран раст и идни перспективи – Континуираниот развој на ТТК банка АД Скопје се огледа во стратешкото проширување на мрежата на експозитури и банкомати, како и во развојот на алтернативните канали на продажба. Тие се јасен показател за посветеноста кон подобрување на услугите и на корисничкото искуство, инвестирање во професионалниот развој на вработените и градење стабилна финансиска иднина. Банката останува фокусирана на создавање долгорочна вредност за клиентите, за партнерите и за заедницата.

    На крајот од обраќањето, менаџментот посочува дека постигнатите резултати, пред сè, им ги должат на вработени и им се благодарни за манифестираната одговорност и големата посветеност. Благодарност за дадената поддршка се изразува и на акционерите и на членовите на Надзорниот одбор.

    „Убедени сме дека, благодарение на нашиот деловен модел, иновации и подготвеност за приспособување, повторно ќе ги постигнеме зацртаните цели“, нагласуваат од Управниот одбор на ТТК банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично