ПОВЕЌЕ

    „Развој на лидерството“ – доказ за посветеноста на „Алкалоид“ за инвестирање во професионалноста на менаџментот

    Време зa читање: 2 минути

    „Лидерството е динамичен процес за кој се неопходни многу жртви, приспособувања, силна волја, посветеност и напорна работа, а добрите лидери секогаш креираат нови лидери“, истакна генералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата „Алкалоид“, Живко Мукаетов

    „Развој на лидерството“ е првиот успешно реализиран алкалоидов настан, каде што менаџерските тимови од земјава, но и од странство ја имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки.

    По воведното обраќање на генералниот директор на „Алкалоид“, на настанот говореа и големи светски експерти од областа, како Хари Крамер – поранешен извршен директор на „Бакстер интернешанал“, автор, професор и извршен партнер во „Келог школа за менаџмент“ и Оливие Сибони, поранешен сениор партнер во „МекКинси & компани“, француски консултант, академик и автор, професор на „ХЕК Париз“.

    Овој настан којшто беше наменет за менаџерските тимови на „Алкалоид“  во Македонија и во ентитетите во странство е уште еден доказ за целосната посветеност на компанијата за јакнење на лидерските способности и за инвестирање во професионалниот раст и развој на својот менаџмент.

    На врвот на приоритетите на секоја современа, амбициозна и успешна компанија се организациската култура, постојаниот фокус на резултатите и високото ниво на етички вредности. Со поттикнување на клучните лидерски вештини, низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки, „Алкалоид“ ги афирмира своите професионални заложби за долгорочен успех и за одржлив раст.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично