ПОВЕЌЕ

    Македонска Берза одржа 3 работилници со 100 котирани компании за имплементацијата на новите измени

    Време зa читање: 2 минути

    На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котираните компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација. Целта на работилниците беше детална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември.

    Со најновите корекции на Правилата за котација на Берзата воведени се повеќе новитети што ќе ја зајакнат достапноста и транспарентноста на податоците за работењето на котираните компании, при што особено треба да се истакнат следните:

    • Воведен е годишен календар на настани во кој ќе бидат прецизирани неделите од годината во кои ќе вршат јавни објави на финансиски извештаи и/или други битни настани поврзани со работењето на котираните друштва;
    • Извршено е општо скратување на роковите за објава на финансиските извештаи, согласно најдобрите европски и регионални пракси;
    • Воведена е „Листа за набљудување“ која е јавно достапна на Интернет страницата на Берзата и на којашто во иднина ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување на издавачот согласно Правилата за котација или поради други ситуации поврзани со хартиите од вредност или со издавачот.

    Пречистениот текст на Правилата за котација во којшто се целосно вградени сите измени и дополнувања може да ги најдете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично