ПОВЕЌЕ

    Растат профитите и добивките во бизнисот со управување на згради!

    Време зa читање: 7 минути

    Вкупни приходи од 9,2 милиони евра направиле десет компании од бизнисот со управување на згради во текот на минатата година. „Таргет груп“ анализираше десет компании што имаат највисоки приходи. При тоа, истите компании во 2018 година имале приходи од 7,6 милиони евра а во 2017 година нивните приходи изнесувале 10 милиони евра. Практично, во 2019 година имаат раст од 21,99% на приходите, додека пак во 2018 година споредено со 2017 година  имаат пад од 30% на приходите.

    Десетте најпрофитабилни компании од овој бизнис со управување со згради минатата година имале вкупна добивка од близу 470 илјади евра, во 2018 истите компании имале добивка од 285 илјади евра, додека во 2017 година добивката на овие компании изнесувала 1,1 милиони евра. Односно, ова значи дека добивката на десетте водечки компании од овој бизнис лани е зголемена за 64,55% во однос на 2018 година, додека пак во 2018 година споредена со 2017 година, добивката е намалена за 74,9%.

    „Таргет Груп“ ги анализира најуспешните компании од овој бизнис, односно  податоците за висината на добивките и на приходите, заедно со бројот на вработени.

    Фирми со најголема добивка

    Минатата година 10 те фирми кои се од бизнисот со управување на згради прикажале вкупна добивка во износ од 535 200 евра и во однос на 2018 година е зголемена за 68,69%.

    Со добивка во износ од 134.540 илјади евра минатата година, на прво место во овој бизнис е Друштво за производство, услуги и трговија ХАНТЕРС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Оваа фирма во однос на 2018 година прикажува значаен пораст на добивката односно во 2018 година имала околу 30 000 евра, додека во 2017 година добивката била 105 илјади евра.

    На второ место според висината на добивката во 2019 година е тетовското Друштво за градежништво и трговија МОДИНГ ДООЕЛ Експорт-Импорт со 105 600 евра. Во 2018 година МОДИНГ од Тетово прикажала добивка во износ од скоро 75 000 евра но во однос на 2017 година добивката е значајно намалена, односно тогаш изнесувала 950 000 евра.

    Друштво за угостителство, консалтинг, трговија, градежништво и услуги РОЈАЛ СОЛУТИОНС ДООЕЛ увоз-извоз од Скопје со добивка во износ од 61.600 евра е рангирано на трето место по однос на добивката. Оваа скопска фирма во 2018 година прикажала добивка од 46.220 евра и бележи драстичен раст на профитот и во однос на 2017 година кога бил на ниво од само 7.400 евра. Просечниот број на вработени бил 9.

    На четвртото место со профит од 52.100 евра е Друштво за производство, промет, транспорт и услуги Р.С БОБИ 99 увоз-извоз ДООЕЛ– Прилеп. Оваа  прилепска фирма во однос на 2018 година бележи значаен пораст на добивката кога изнесувала само 6.600 евра додека во 2017 година била на ниво од 13.900 евра. Во 2019 година во оваа прилепска фирма работеле 33 луѓе.

    Со профит во износ од 45.200 евра, на петтто место е Друштво за производство,трговија, посредување и услуги БАПАЛ Благој ДООЕЛ експорт-импорт, Скопје. Во однос на претходните две години оваа скопска фирма од бизнисот со управување згради бележи раст на добивката – во 2018 та била на ниво од 27.550 евра а во 2017 та изнесувала 16.400 евра. Оваа фирма е водечка според бројот на вработени, односно има 280 во 2019 година.

    Останатите фирми од овој бизнис лани генерирале добивка пониска од 42.000 евра, конкретно Друштво за трговија и услуги ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје имало добивка од 41.100 евра со позначајно намалување во однос на 2018 година, кога изнесува 65 илјади евра.

    Зад неа според висината на добивката во 2019 година се Друштво за управување и одржување на објекти СТАНБЕН СЕРВИС – БИЗНИС ЦЕНТАР ДОО Скопје, Друштво за производство трговија и услуги ВИРТУС ЕЛИАС ДООЕЛ Скопје, Друштво за услуги и трговија ХАУСМАЈСТОР ДОМУВАЊЕ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и Друштво за управување со имоти ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ УСЛУГИ ДООЕЛ Скопје.

    Фирми со највисоки приходи

    Бизнисот со управување и одржување на згради главно е концентриран во метрополата, или конкретно од десетте фирми со најголеми приходи, осум работат во Скопје, а по една има во Тетово и во Прилеп. Не сите фирми кои се од листата водечки според профитот се наоѓаат и на листата според висината на приходите.

    На прво место со приход во висина од 1 милион и 860 илјади евра е Друштво за градежништво и трговија МОДИНГ ДООЕЛ Експорт-Импорт,Тетово. Приходите на оваа тетовска фирма се во опаѓање во однос на 2018 година кога биле на ново од 1,9 милиони евра. Но драстично се намалени во однос на 2017 година кога пак оваа компанија имала приходи од 4,7 милиони евра.

    Друштво за производство, трговија, посредување и услуги БАПАЛ Благој ДООЕЛ експорт-импорт, Скопје е на второ место со приход во износ од 1 милион и 800 илјади евра во 2019 година,  со тренд на раст на приходите во однос на претходните две години. Односно оваа компанија успеала да ги дуплира приходите, кои во 2018 година изнесувале 1 милион евра а во 2017 изнесувале 827 илјади евра.

    Компанијата изминатите години бележи и драстичен раст на добивката, а се зголемува и бројот на работени кои од 193 во 2017 година стигнуваат до 280 во 2019 година.

    На трето место со приход во износ од 1 милион и 460 илјади евра е Друштво за производство, услуги и трговија ХАНТЕРС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Оваа скопска фирма во однос на 2017 година бележи тренд на пад на приходите и во  2018 и во 2019 година. Па така, во 2018 година имала приходи од близу 2 милиони евра, а во 2017 година приходите изнесувале 3,7 милиони евра. Добивката кај оваа компанија е зголемена во однос на претходните две години, но најслаба година се покажала 2018 година кога изнесувала околу 30 илјади евра , а во 2017 година била 105 илјади евра. Добивката во 2019 година на оваа компанија изнесувала 134,5 илјади евра. Бројот на вработе во оваа компанија лани и во 2017 година бил 25 додека во 2018 имало 41 вработен.

    Друштво за трговија и услуги ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје со приход од 1 милион и 334 илјади евра е на четврто место. Во однос на 2018 година бележи раст на приходите кога биле на ниво од 807 000 евра а во 2017 година изнесувала 560 илјади евра.  Добивката на оваа компанија лани е намалена во однос на 2018 година, додека најслаб финансиски резултат имала во 2017 година. Па така, лани има добивка од 41 илјади евра, во 2018 година 65.500 евра, а во 2017 година имала добивка од 23.500 евра. Бројот на вработени лани изнесувал 245, во 2018 година 136 а во 2017 година изнесувал 60. Односно бележи континуиран тренд на раст на вработените.

    На петто место со приход во износ од 844 000 евра е Друштво за производство, трговија и услуги ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ КЛИНИНГ ДООЕЛ Скопје која во однос на 2018 година бележи раст на приходната страна. Во 2018 година приходите во оваа компанија изнесувале 226 илјади евра.  Лани оваа компанија прикажува загуба од 100 илјади евра. Бројот на вработени пак од 155 во 2018 се зголемил на 175 во текот на минатата година.

    Останатите фирми лани прикажале приходи пониски од 530 000 евра. Сумирано, приходите на десетте фирми од бизнисот со управување на  згради во 2019 та изнесувале 9 300 000 евра и во однос на 2018 та се со раст од 21,99%.

    Анализа податоци: „Таргет Груп“

    Новинарска обработка: А.Д

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично