ПОВЕЌЕ

    Регистриран неочекуван профит кај модниот гигант „Η&M“

    Време зa читање: 2 минути

    Шведскиот бренд „H&M“, објави дека заздравувањето од падот на малопродажбата како резултат на пандемијата е подобро отколку што се очекуваше, а првичните резултати покажуваат профит пред оданочување од околу 2 милијарди шведски круни (228 милиони американски долари) во третиот фискален квартал.

    Модната компанија, која работи ширум светот, вели дека добро подготвените колекции, брзите и одлучните активности поврзани со Ковид 19, продажбата со целосна цена и строга контрола на трошоците, се предуслвои како резултат на што „H&M“ оствари профит, заклучно со 31 август.

    „H&M“ забележа загуба од 6,48 милијарди шведски круни во вториот квартал од оваа година, додека модниот гигант оствари профит од 5,01 милијарди шведски круни во третиот квартал од минатата година. Продажбата падна за 19% од април до јуни, на 50,87 милијарди шведски круни, во споредба со 51,53 милијарди шведски круни, како што предвидоа аналитичарите.

    „H&M“ соопшти дека на почетокот на вториот квартал приближно биле затворени  900 од над 5.000 продавници, но дека кон крајот на тој период биле привремено затворени нешто повеќе од 200 продавници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично