ПОВЕЌЕ

    Уште еден моден гигант ја „сели“ продажбата на интернет?

    Време зa читање: 2 минути

    Foto: Shutterstock

    Во средината на јули, информиравме дека водечките трговски брендови за облека, како што се „Zara“, „H&M“ и „Stradivarius“, планираат да се фокусираат на продажба преку интернет, како единствената опција за купување која беше достапна за време на долгиот карантин. Овие брендови изгубија милиони, но сепак опцијата за продажба преку интернет ја гледаат како можност за опстанок.

    Овие брендови ја гледаат иднината во интернет продажбата, исто како и „Nike“, кој профитираше над очекувањата за време на кризата. Шведскиот моден ланец „H&M“ објави претходно дека планира да затвори 250 од своите 5000 продавници ширум светот, што е 5% од капацитетите, а сега е време идејата полека да се реализира.

    Од следната година, земјите на целата планета ќе останат без некои физички продавници за „H&M“, додека приоритет ќе се даде на купувањето преку интернет, што сепак е од интерес. За потсетување за време на пикот на пандемијата, овој бренд беше принуден да стави катанец на дури 80 проценти од своите продавници.

    Компанијата забележа раст на продажбата во третиот квартал, но во септември повторно падна за пет проценти. Според проценките на „Бизнис и мода“, глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има помеѓу 25 и 30 проценти загуби поради пандемијата и кризата.

    7,798Следи нè на facebookЛајк

    слично

    Значителен буџетски дефицит во европските и регионалните земји

    Ниту една европска земја, поради кризата предизвикана од пандемијата, нема да ја заврши оваа година со буџетски суфицит. Според овие проекции, најголем дефицит во Европа...

    ЕУ привлече огромен интерес на инвеститорите со издавање обврзници

    Европската унија привлече огромен интерес на инвеститорите со издавање на обврзници за финансирање на програми за зачувување на работни места кои се загрозени поради...

    Извршниот директор во ММФ, Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка”

    Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард...

    ОСТАВИ ОДГОВОР

    Ве молиме внесете го коментарот
    Внесете го вашето име тука