„Настел“ продал 75 акции на „Реплек“. Со последнава продажба, трета од почетокот на годинава, градежната поседува 6,65 отсто од акциите на фармацевтската компанија.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува
Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 75 акции, со што поседува вкупно 17.238 или 6,65% од вкупниот број на акции“, се вели во информацијата што „Реплек“ ја сподели преку Македонска берза.