ПОВЕЌЕ

    Приходот од туризмот во Турција во првиот квартал од годината изнесува 4,1 милијарда долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Турскиот Институт за статистика (ТуркСтат) објави дека приходите од првиот квартал опаднале за 11,4 отсто во споредба со истиот период минатата година, како последица на забраните за патување поради Ковид-19.

    АНКАРА

    Приходот од туризмот во Турција во периодот од јануари до март оваа година изнесува 4,1 милијарда долари.

    Турскиот Институт за статистика (ТуркСтат) објави дека приходите од првиот квартал опаднале за 11,4 отсто во споредба со истиот период минатата година, како последица на забраните за патување поради Ковид-19.

    „Додека 80,6 отсто од овој приход е добиен од странските посетители, 19,4 отсто се добиени од граѓаните што живеат во странство“, соопшти ТуркСтат.

    Бројот на посетители што ја напуштија земјата, исто така, се намали за 15 отсто на 5,6 милиони во истиот период. Од нив 82,2 отсто се странски и 17,8 отсто турски државјани што живеат во странство.

    Податоците на ТуркСтат покажуваат дека просечната потрошувачка по глава на жител во периодот од јануари до март оваа година изнесува 727 долари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично