ПОВЕЌЕ

    Неколку правила за успешно CV

    Време зa читање: 2 минути

    Според едно истражување 39% од менаџерите поминуваат помалку од една минута гледајќи во едно CV а 23% поминуваат помалку од 30 секунди. Ова значи дека сè што е во вашето резиме треба веднаш да ги истакне вашите квалификации.

    Тргнувајки од тука, разбирливо е дека повеќетото мини-биографии и повеќето резимеа, се подолги од што треба да бидат. Еве кој работи треба да ги скратите во вашето CV:

    Намалете ја листата на задачите што сте ги направиле и задолженијата што ви биле доделени. Менаџерите повеќе сакаат да прочитаат за тоа како сте успеале да ја зголемите продажбата за 40% во една година во некоја фирма.

    Проверете дали има повторување на зборови. Ако на пример сте кажале “управување” во првиот дел, обидете се да најдете синоним на тој збор доколку треба повторно да го употребите, како на пример “менаџирање.”

    Проверете ја вашата емаил адреса, која што може да звучи непрофесионално. Ова е типична грешка на тие што за прв пат се соочуваат со испраќање на CV кој често пати користат емаил адреса која ја отвориле кога биле помлади.

    Не наведувајте дека имате познавање од “досадни” вештини како Microsoft Word, Excel, Outlook кои речиси сите ги познаваат.

    Не ги наведувајте детално вашите лични интереси како готвење, патување, пливање и читање книги кои воопшто не се релевантни за потецијалниот работодавец.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично